Во Русија се урна украински дрон, три лица се тешко повредени

Од:

Три лица се повредени, а исто толку станбени згради се оштетени во експлозија на украински беспилотно летало во центарот на рускиот град Киреевск, јави агенцијата Тас, повикувајќи се на извор од службите за спроведување на законот и итните служби.

Ројтерс пренесува дека Киев не одговорил веднаш на барањето за коментар. Киев претходно ги негираше руските тврдења дека нивните беспилотни летала, познати како UAV, летале на руска територија и оштетиле цивилна инфраструктура.

„Украинскиот UAV Tu-141 беше причина за експлозијата во градот Кирејевск во областа Тула“, пренесува Тас од извор од агенцијата за спроведување на законот, нагласувајќи дека „дронот бил полн со експлозиви“.

Киреевск се наоѓа на околу 220 километри јужно од Москва.

Се верува дека никој од тројцата повредени во експлозијата не претрпел повреди опасни по живот, пренесоа руските новински агенции.

Според претставници на локалната спасувачка служба, експлозијата оставила голем кратер во центарот на Кирејевск.

Видеата и сликите на социјалните мрежи покажуваат каллив кратер во близина на зграда со кров и ѕидови тешко оштетени. Парчиња стакло од скршени прозорци се раширени низ скалите на блискиот блок.

Русија претходно објави напади со беспилотни летала во неколку градови, на неколку стотици километри од нејзината граница со Украина.

Ројтерс потсетува дека тројца членови на руските воздухопловни сили беа убиени на 26 декември кога беспилотно летало за кое се верува дека е украинско беше соборено во главната база на руските стратешки бомбардери во близина на Саратов, откако прелета стотици километри низ рускиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ