Во Рим одржан состанок за спречување на финансирање на Исламска држава

Од:

Со донесување акциски план, во Рим вчера е завршен дводневниот состанок за спречување на финансирање на Исламска држава. Копреседаваа САД, Саудиска Арабија и Италија.

Состанокот е завршен со усвојување на акциски план за кој италијанското МНР вели дека има за цел да укине извори на приходи, капацитети за пренос на средства и економска стабилност на групата.

Американското Министерство за финансии наведува во соопштение дека клучните чекори вклучуваат укинување на нерегулирани дознаки на пари и спречување Исламска држава да користи готовина, нафта, културни добра и други ресурси.

Исламска држава презеде контрола над делови од Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески