Во преден план, Сирија, Иран и анти-американскитe протести

Од:

Њујорк е под силно обезбедување, а причина за тоа е што на Ист Ривер почнува седницата на Генералното собрание на ОН. На едно место се собраа претседатели и премиери од целиот свет.

Во Њујорк вчера пристигна и американскиот претседател Барак Обама, но ќе се задржи само 24 часа, што се должи на претседателската кампања. Со големо интересирање се очекува неговиот говор. Како што соопшти Белата куќа, Обама во ОН ќе потврди дека САД ја отфрла исламофобната видео снимка и дека насилството е апсолутно неприфатливо.

Исто така, ќе испрати јасна порака: САД нема намера да се повлече. Америка ќе одговори на оние кои ги напаѓаат Американците и ќе завземе недвосмислен став кога станува збор за демократските вредности, изјави портпаролот на Белата куќа Томи Виетор.

До 1 октомври на дискусиите во Генералното собрание на ОН ќе доминираат конфликтот во Сирија, протестите на муслиманите поради навредливиот американски филм и иранската нуклеарна програма. Светските лидери ќе се осврнат и на бунтот во Мали и во Демократска Република Конго, како и климатските промени и глобалната финансиска криза.

За разлика од Советот за безбедност, 15-членото тело на ОН кое може да наметнува санкции и одобри воена интервенција, Генералното собрание практично нема никаква надлежност. Наместо тоа, се занимава со јавни расправи и издава необврзувачки резолуции, који често и не се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска