Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, денеска соопшти дека една третина од жртвите на излегалната трговија со луѓе се деца, при што нивниот удел посотјано се зголемува, јави ДПА.
Според извештајот на Канцеларијата, кој се однесува за периодот 2010-2012 година, од сите регистрирани жртви на трговија со луѓе, 33 проценти се деца, што е пет проценти повеќе во споредба со периодот 2007-2010 година.
Канцеларијата собрала информации за жртви на илегална трговија од 152 земји, кои биле принудувани да даваат сексуални услуги, принидно да работата и да вршат други актинвонсти во дури 124 држави.
Според ОН, проблемот е најголем во Африка и на Блискиот исток, каде повеќето жртви на трговија се момчиња и девојки, иако трговијата со луѓе е распростанета низ целиот свет.
Голем дел од жртвите на шверцот со луѓе на Блискиот Исток се по потекло од Јужна и Југоисточна Азија, а во Северна Америка значителен дел од жртвите се од Источна Азија.
Во Западна Европа најголема веројатност да бидат жртви на експлоатација има за луѓето по потекло од Источна Европа и Западна Африка.
Шверцерите со луѓе воглавно се фокусираат на жени и девојчиња, се наведува во извештајот.