Најмалку 40 луѓе загинаа за време на викендот во поплавите што го погодија североисточниот дел на Северна Кореја, соопшти денеска Меѓународниот ккомитет на Црвениот крст.
Поплавите во специјалната економска зона Расон, која се наоѓа на границата меѓу Северна Кореја, Русија и Кина, се предизвикани од тајфунот Гони.
Повеќе од 11.000 луѓе се погодени од надојдената вода, а уништени се илјадници домови.
Севернокорејската новинска агенција потврди дека во поплавите загинале 40 луѓе и дека под вода се големи површини обработливо земјиште, како и дека се уништени 5.240 домови, 99 општетствени згради, а железничкиот сообраќај е во прекин на 51 место.