Во поплавите во Мозамбик, 36 мртви

Од:

Бројот на жртви од поплавите што го погодија Мозамбик во последните неколку дена се искачи на 36, а загрозени се речиси 85.000 луѓе, соопштија денес Обединетите нации, додека се очекуваат нови врнежи и невреме. Највеќе луѓе, 26 загинале во провинцијата Газа, пренесе АФП.

Со воени хеликоптери и бродови од Мозамбик и Јужна Африка, спасени се 12.000 семејства од поплавите во Централен Мозамбик, а цели села, градови и огромни површини на обработливо земјиште се поплавени, соопштија официјални лица.

ОН, исто така соопштија дека се потребни 15 милиони долари помош за оваа сиромашна африканска земја за да се санираат последиците од поплавите.

Во централните провинции на оваа африканска земја паднаа 500 милиметри дожд за 12 дена, повеќе од вкупниот просек за јануари, февруари и март, соопшти метеоролошкиот институт.

Дождот и водата што се излеа од реката Лимпопо во соседната Јужна Африка и Зимбабве, целосно го поплавија Чокве, град со 70.000 жители, 140 километри северно од Мапуто.

Владата во вторникот издаде предупредување и им наложи на сите жители да се евакуираат во рок од 48 часа, иако не е јасно колку од нив го послушаа предупредувањето.

Дождот падна во многу кратко време. Ситуацијата се подобрува, но ние се уште ги следиме фронтовите и можните циклони, изјави Серџо Буге од Националниот метеоролошки институт.

Би можело да ве интересира

Тропскиот циклон Гомбе предизвика 53 жртви во Мозамбик

Ана Ололовска

Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик

Ана Ололовска

Претседателот на Мозамбик и лидерот на опозицијата потпишаа нов мировен договор

Во Мозамбик после циклонот прогласена епидемија на колера

Ана Ололовска

Петмина загинати во невремето во Мозамбик

Мозамбик започна со кампања за вакцинирање против колера

Татјана Ташкова