Во поплавите во Кина загинаа 154 лица, а 124 се водат за исчезнати

Од:

Најмалку 154 лица го загубиле животот, а 124 се водат за исчезнати во поплавите што ја зафатија Кина, информираа денеска официјални претставници на кинеските власти.

Најтешко е погодена северната провинција Хебеи, каде погинаа 114 лица, јавија американските медиуми.

Во оваа провинција се евакуирани повеќе од 300.000 лица, а десетици илјади куќи се оштетени или уништени. Само во градот Тјанмен во истата провинција има околу 250.000 блокирани лица, јави агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.

На помош на граѓаните им се испратени 1.500 војници и спасувачи. Унесреќените луѓе од своите поплавени домови се вадат со чамци.

Над 10.000 лица се испратени да ги обноват и дополнително обезбедат заштитните насипи.
Податоците на локалните власти покажуваат дека поплавите во целина зафатиле над 680.000 жители на провинцијата. Целосно или делумно под вода се десет села.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он