Во половина венецуелски држави без електрична енергија

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ја оквалификува хаваријата од која без струја беа 12 венецуелски држави како „преврат насочен против народот“.

Во изјава за локална телевизија, Мадуро за таа акција ги обвини фашистички десничарски групи „под контрола на северот“ кои водат војна против Венецуела и сакаат да предизвикаат уништување на економијата. Без електрична енергија се 12 од 24 венецуелски држави. Хаваријата се случи околу еден часот попладне по локално време.

Претходно, на Твитер наведе дека хаваријата е „акција од страна“ и ја постави армијата во воена готовност. Екипи од државната електродистрибуција работат на отстранување на дефектите и во многу места веќе има струја, јавуваат локални медиуми.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски