Во подземни бункери во Чешка откриени околу еден милион литри нелегален алкохол

Од:

Чешката полиција на неколку места во земјата откри подземни резервоари во кои биле складирани по неколкустотици илјади литри нелегален алкохол, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Одделението за организиран криминал (УООЗ), се проценува дека се работи за даночно затајување во висина од 8,3 до 12 милиони евра.

– Ова е случај, кој ќе влезе во учебниците на криминологијата, изјави директорот на УООЗ, Роберт Шлахта, објаснувајќи дека не се работи само за количината на откриениот алкохол туку и за софистицираниот начин на негово складирање и сокривање.

Чешка, од минатата година започна голема акција за откривање и спречување на производство и дистрибуција на нелегален алкохол откако за неколкумесеци од последици на труење со метанол починаа над 30 лица.

Алкохолот бил сместен во некородирачки подземни резервоари од кои некои со големина 28х2х2 метри, поврзани со цевки длабоко под бетонски плочи и за кои се претпоставува дека биле изградени пред 8 до 10 години.

Според првите лабораториски тестови, нелегалниот алкохол не содржел отровни супстанции. Полицијата не исклучува откривање и на други слични складишта.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски