Кога мажите во 1800-те години тренирале во фитнес центри нивната облека многу се разликувала во однос на денешната која ја користиме кога вежбаме. Иако во прашање се напорни вежби, мажите морале да бидат во костуми и дури да носат и вратоврски.
Гледајќи ги фотографиите од тој период, мажите всушност не вложувале многу труд за да добијат мускули. Справите изгледаат како „страшни“ во однос на денешните модерни, но многу повеќе му помагале на оној кој вежба од современите справи. Клупата за склекови и стомачни се подигнувала така што мажот не требал многу да се мрда, ниту да се служи со рацете. Машината за стомачни мускули, се користела стоејќи, додека некоја справа го притискала стомакот. Овие машини служеле за раздвижување на канцелариските работници кои повеќе часови поминувале седејќи. Со тек на времето и жените почнале да вежбаат, бидејќи овие машини лечеле парализа, лошо варење на храната и реума.