ФОТО: Во Пјонгјанг се одржа воена парада по повод 60-годишнината од крајот на Корејската војна

Од:

Во Северна Кореја денеска се одржа импресивна воена парада, посветена на 60-годишнината од склучувањето на примирјето со Јужна Кореја, пренесе БТА.

Парадата за Денот на победата во Големата ослободителна војна, како што ја нарекуваат во Пјонгјанг, започна во 10 часот по локално време со настапи на воени дувачки оркестри, кои маршираа по централниот плоштадот „Ким Ил-сунг“ во Пјонгјанг, посочува ИТАР-ТАСС.

severnaKoreja60

Во својство на врховен командант на Корејската народна армија парадата беше презентирана пред лидерот на земјата Ким Џонг-ун.

Меѓу почесните гости е кинескиот потпретседател Ли Јуанчао, кој ја предводи официјалната кинеска делегација. На плоштадот присутни се и кинески доброволци, кои се бореле на страната на Северот во тригодишната војна.

severnaKoreja601

Пред трибината со официјалните гости во уредни редови маршираа единиците на редовната Корејска народна армија и на Работничко-селската црвена гарда. Тие беа следени од воена техника: борбени машини на пешадијата, оклопни возила, тенкови, самоодни артилериски лансери, ракетни системи, оперативно-тактички проектили.

severnaKoreja603

Беа демонстрирани и елементи од системите за противракетна и воздушна одбрана.

severnaKoreja604

На парадата првпат беа прикажани произведените во Северна Кореа беспилотни летала. Над плоштадот, каде беа поставени огромни портрети на насмеаните Ким Ил-сунг и Ким Јонг-ил, кружеа воени хеликоптери со слогани, кои ја слават партијата, земјата и нејзините лидери, прелетуваа авиони, вклучувајќи и Миг-29, кои предизвикуваа бурно воодушевување кај народот.

severnaKoreja606

По парадата на плоштадот започна манифестација на работниците. На свеченостите во Пјонгјанг има официјални делегации од Кина, Сирија, Куба, Виетнам, Иран Лаос, Индија, Индонезија, Мозамбик, Танзанија и други земји.

severnaKoreja605

Празничните манифестации ги следатт околу 100 странски новинари од Русија, Кина, САД, Јапонија, Франција, Велика Британија и други земји.

severnaKoreja602

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња