Во Париз приведени 41 лице по пропалестинските протести

Од:

Полицијата приведе 41 човек, меѓу кои и едно малолетно лице по вчерашните пропалестински протести кои се одржаа на Плоштадот на Републиката во Париз, јави дописникот на МИА од Париз.

Полицијата вкупно вчера уапси 65 лица на маргините од протестот, кој заврши со инциденти со полицијата, која мораше да употреби солзавец, но овој пат не беа забележани инциденти со размер сличен на претходниот.

За 41 лице на кои им е изречена мерка притвор, постојат сомневања за „намерно насилство со отежнителни околности – вооружени и во група против силите на редот и за бунт“.

На вчерашниот протест, кој иако не беше дозволен од страна на француските власти се собраа меѓу 4.000 и 10.000 лица, првата бројка според полицијата, втората според организаторите. Протестот беше забранет поради опасностите од нарушување на јавниот ред, како што се случи во претходните пропалестински демонстрации во Париз и париските предградија.

На протестот кој започна мирно, неколку млади се качија на споменикот на Републиката и го запалија израелското знаме, додека неколку други цртаа кукасти крстови на споменикот. Најголемиот број од нив беа со маскирани лица. На крајот од мирниот протест, мали групи започнаа да фрлаат предмети врз специјалните полициски сили, кои успеаа да ги контролираат лицата кои предизвикуваа нереди и не им дозволија да направат инциденти како при претходните протесети.

Портпаролот на француската влада Стефан Ле Фол, изрази жалење за присуството на „групите кои не беа дојдени да протестираат, туку да бидат насилни и да изразат омраза. Овие групи за среќа беа задржани. Но, за организаторите, ова неприфатливо насилство е неуспех“.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа