Во нов напад во Тунис настрада војник

Од:

Еден војник на Тунис загинал синоќа во експлозија на мина која ја поставиле исламски екстремисти и тоа речиси веднаш откако претседателот Беџи Каид Ешебси на телевизија изјавил дека властите само што не го откриле организаторот на неодамнешниот терористички напад на музејот Бардо.

„Франс прес“ повикувајќи се на изјава на портпаролот на Министерството за одбрана на Тунис, пренесе дека еден војник загинал, а двајца се здобиле со повреди откако мина експлодирала под нивно возило во планините на запад, на границата со Алжир.

-Мината ја поставиле терористи- изјави тој.

Инаку Тунис од крајот на 2012 година без успех се обидува да ги неутрализира групите кои што се поврзани со „Ал Каеда исламскиот Магреб (АКИМ) која е активна во планините на границата со Алжир.

За потсетување во терористичкиот напад кој се случи во среда минатата недела во музејот Бардо, а за кој одговорност презеде Исламска држава, загинаа 20 странски туристи и еден полицаец.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен