Во Њујорк средба Кери-Лавров

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Њујорк, јави ТАСС.

Кери по средбата изјави дека од суштинско значење е да се координираат сите напори против групацијата Исламска држава на Блискиот Исток, но посочи дека тоа се уште не се случило.

Кери беше замолен да го коментира денеска објавеното од Ирак создавање на центар за координирање на разузнавачките активности во борбата против ИД, во кој ќе бидат обединетите Ирак, Сирија, Иран и Русија.

Кери посочи дека е неопходно да се оцени какво ќе биде влијанието на таа иницијатива.

Тој истакна дека прашањето ќе биде разгледано на средбата на американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин.

Лавров истакна дека целта на создавањето на координативен центар меѓу Русија, Ирак, Иран и Сирија во Багдад е координирање на напорите во борбата против ИД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски