Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати

Од:

Бројот на загинати во воздушниот напад на Воената академија во либискиот главен град Триполи се зголеми на најмалку 30 лица, повеќето од нив студенти, соопштија здравствените власти.

Претходно беше соопштено за најмалку 16 загинати лица.

Портпаролот на Министерството за здравство во Триполи, Малек Марсет, изјави дека воздушните напади се случиле во населбата Хадаба, јужно од центарот на градот, каде судирите беснеат со месеци.

Марсет рече дека најмалку 33 лица се ранети и транспортирани во болници во градот.

Владата во Триполи за нападот ја обвини самопрогласената Либиска национална армија, чиј лидер е генералот Калифа Хифтер, кој во декември најави „конечна и одлучувачка“ борба за Триполи.

Би можело да ве интересира

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

А1он

Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи

Над 120 загинати и 500 повредени во борбите околу Триполи

ЕУ ја евакуира својата мисија од Триполи