Во Мјанмар се одржуваат досега најголемите демонстрации против воениот преврат

Од:

Во Мјанмар денеска се одржуваат досега најголемите демонстрации против воениот удар, а протести има во градовите Јангон, Мандалај и Најпидау.

Специјалниот известувач на ОН за ситуацијата во Мјанмар, Том Ендрус предупреди дека кон Јангон патуваат засилувања од војници што може да значи дека постои зголемен ризик од сериозно насилство.

– Во минатото, на ваквиот трансфер на војници претходеа убиства, исчезнувања и масовни притвори, рече Ендрус доцна синоќа во изјава објавена од Советот за човекови права на ОН во Женева.

Денешните демонстрации во Јангон се чини дека се најголемите досега во градот. Демонстрантите спроведуваат тактика на блокирање на улиците, ги запираат нивните автомобили на пат со оправдување дека имаат проблеми со моторот.

Илјадници учествуваат на протестите во Најпидау, а меѓу демонстрантите има и вработени во приватни банки и инженери. Тие повикаа на ослободување на соборената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи.

Демонстранти излегоа и на улиците на Мандалај каде во понеделникот безбедносните сили пукаа со гумени куршуми во луѓето што протестираа.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар