Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Од:

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, во кој беа убиени 13 лица, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на државната телевизија 2М.

Единиот од нив – маж на возраст од 28 години, бил приведен во Надор, во близина на шпанската енклава Мелила. Тој 12 години живеел во Барселона. Осомничен е за врски со Исламска држава и за подготовка на нападот врз шпанската амбасада во Рабат.

Не е утврдена директна врска меѓу него и ќелијата што се состоела од главно млади Мароканци, која го изврши нападот во Барселона. Но, тој на Фејсбук му се возхитувал на нападот.

Вториот бил приведен во градот Ужда, во близина на границата на Мароко со Алжир. Тој живеел во Рипол, јави мароканската телевизија, според која и двајцата биле уапсени во неделата.

Мароканските власти одбиле да дадат коментар на информациите за апсењата, додадоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ