По жестоките судири меѓу стотици припадници на будистичката и муслиманската заедница во градот Мандалај во Мјанмар, кој е втор по големина во поранешната Бурма, полицијата воведе полициски час, а денеска е значително засилен бројот на полицајците на улиците во градот. Според локалните власти состојбата е се уште тензична.
Немирите во Мандалај избија во вторникот по веста дека во продавница за чај двајца муслимани силувале жена од будистичката група, а веста брзо се рашири на социјалните мрежи по што стотици припадници на двете религии излегоа на улиците и започнаа пресметки кои полицијата ги спречи со употреба на гумени куршуми и водени топови. Во првиот ден од судирите беа повредени шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Во средата суирите продолжија, а покрај повеќе лесно повредени имаше и две жртви, по еден од двете спротиставени страни.
Претседателот на Мјанмар Тхеин Сеин денеска упати апел за смирување на состојбите во Манадалај, потсетувајки дека Мјанмар е татковина на луѓе одповеќе раси и религии и дека толеранцијата е неопходна.
Меѓтоа, лидерот на опозиција Аунг Сан Су Ќи та ги обвини властите дека не презеле доволно мерки да ги спречат немирите и потсети дека во слична ситуација пред две гоодини во Мандалај имало најмалку 250 загинати. За поттикнување на судирите таа ги обвини и радикалните будистички свештеници.