Во Малезија и Индонезија спасени над 2.000 иллегални емигранти од Мјанмар и Бангладеш

Од:

Над 1.400 припадници на племето Рохингја, што живеат во Мјанмар и Бангладеш денеска беа спасени во близина на брегот на Малезија и Индонезија.

Вчера, во истото подрачје, кај западниот брег на Индонезија, на копното беа прибрани 600 други припадници на истото племе кои биле сместени во претоварен дрвен брод. Според првите соопштенија на властите, бродовите биле напуштени од посадите од како во саботатата Тајланд најави голема акција за спречување на синџирот за илегална трговија со луѓе и презеде голема акција во која се вклучени припадници на полицијата и армијата.

Проблемот со илегалните емигранти, кои од Мјанмар и Бангладеш сакаат да стигнат во Малезија се актуелизираше од кога пред една недела на границата на Тајланд со Малезија беа откриени повеќе масовни гробници во кои, до сега, се пронајдени остатоци на 33 емигранти. Форензичарите веќе утврдија дека сите жртви, починати поради изгладнување и тортура, се припадници на Рохингја племето, муслиманско малцинско племе од Мјанмар и Бангладеш чии членови бараат спас од сиромаштијата и верската тортурата со која се соочуваат.

Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока во саботата издаде заповест за комплетно расчистување на теренот и откривање на локалните учесници на организацијата на илегална трговија со луѓе. Во Тајланд веќе се уапсени 29 локални функционери,а полицијата доби дозвола да трага и да уапси уште дваесетина, кои се во бегство.

За прв пат се јави и канцеларијата за бегалци на ОН во Бангкок, која соопшти дека има податоци според кои во првите три месеци од Мјанмар и Бангладеш преку Тајланд во Малезија биле транспортирани 25.000 припадници на племето Рохингја. Тоа е три пати поголема бројка од бројот на бегалците од цела 2.014 година.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски