Во МААЕ поднесена критичка резолуција за Иран

Од:

САД, Велика Британија, Франција и Германија, што го потпишаа договорот за нуклеарна програма на Иран, поднесоа до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) резолуција, со што Техеран се опоменува поради неуспешна соработка, соопштија денеска дипломатски извори.

Критичката резолуција, прва од јуни 2020 година, го повикува Иран да соработува со МААЕ, фокусирајќи се на случајот на траги од збогатен ураниум, пронајден на три непријавени локации во земјата.

Датумот за гласање не е познат, но, според еден дипломат, се очекува да се одржи во четврток.

Генералниот директор на телото на Обединетите Нации (ОН), Рафаел Гроси вчера изрази жалење поради отсуство на ирански „технички веродостојни“ одговори за трагите од збогатен ураниум пронајдени на три непријавени локации во земјата.

Како одговор, иранските власти повторно ја критикуваа „неконструктивната“ иницијатива, што веројатно ќе има „негативно влијание и на општата насока од соработката со МААЕ и на преговорите“.

Според иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на Техеран му е понудено укинување на дел од санкциите, што ја загушија неговата економија, во замена за драстично намалување на неговата нуклеарна програма, под строга контрола на ОН.

САД се повлекоа од договорот во време кога претседател беше Доналд Трамп и повторно воспоставија казнени мерки. Како одговор, Иран постепено се откажа од своите обврски.

Договорот за иранската нуклеарна програма, чие официјално име е Заеднички сеопфатен акционен план, во јули 2015 година во Виена беше потпишан од Иран и „групата пет плус еден“ – петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД), а Германија се потпиша во име на Европската Унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел