Во Кувајт денеска се егзекутирани со бесење седум лица, меѓу кои и еден член на кралското семејство Ал Сабах.
Ова е прва смртна казна во Кувајт по неколку години.
Шест мажи и една жена се обесени во централниот затвор. Меѓу егзекутираните се двајца државјани на Кувајт, вклучувајќи го и Фаисал Абдулах Ал-Џабер Ал-Сабах, кој е осуден за убиство.
Останатите шестмина се осудени за различни кривични дела, меѓу кои убиство, обид за убиство, киднапирање и силување.