Најмалку 12 рудари загинаа, а двајца се тешко повредени во експлозија која што се случи синоќа во рудник Дашан, во кинеската провинција Гуизхоу, соопштија локалните власти.
-Несреќата се случи синоќа околу 20:30 часот, кога во рудникот работеа 30 рудари-изјави официјално лице од Аншун.
Новинските агенции соопштија дека власта денес започнала истрага за причините за несреќата.
Најопасни рудници
Според статистиките во 2012 година во рудниците за јаглен во Кина загинале 1.384 лица, додека во 2011 година животот го изгубиле 1.973.
Повеќето несреќи се случуваат во малите рудници, каде што има слаба вентилација и во кои не се преземени мерки за спречување од опасни ситуации.
Елена Георгиевска