Во Кина убиени 13 лица поради напад на полициска станица

Од:

Кинеската полиција утрово во западната провинција Синџијанг, уби 13 лица кои до полициската станица донеле автомобил и активирале експлозивна направа, пренесе „Синхуа“.

Агенцијата наведе дека во инцидентот полесно се повредени тројца полицајци, но дека меѓу повредените нема цивилни граѓани.

Пред пет дена кинеските власти извршија смртни казни над 13 лица, кои беа осудени за тероризам и тешки злосторства во регионот на Синџијанг.

Уште три лица истиот ден беа осудени на смрт, едно доби доживотна казна, а четири лица затворска казна од пет до 20 години поради терористичкиот напад на плоштадот Тјенанмен, во кој загинаа двајца туристи.

Кинеската државна телевизија пренесе дека судот во западна Кина пресудата ја донел врз основа на обвинение за инцидентот од октомври минатата година, кога автомобил влета на централниот полоштад во Пекинг, кој во тој момент бил преполн со туристи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он