Во Кина се самоубиваат 287.000 луѓе годишно

Од:

Во Кина на секои три минути едно лице се самоубива, поради депресија, а има околу 11 обиди за самоубиство.

Секоја година во Кина дури 287.000 луѓе си го одземаат животот, додека два милиона размислуваат за тоа.

Сиена, една од нив, која живеела во Пекинг преку интернет оставила збогувачко писмо

-Жал ми е што заминувам, кога многу нешта останаа нерешени. Депресијата едноставно е премногу болна, светот стана мрачен. Не можам да чувствувам ништо убаво, без оглед колку и да се трудам. Смртта е единствената работа за која размислувам. Збогум на сите- напишала таа.

Бројот на заболените од депресија секоја година се зголемува, а околу 100.000 луѓе годишно посетуваат лекар поради оваа болест. Депресијата ја зголемува можноста за самоубиства дури 20 пати и е главната причина за смртта на лицата од 15 до 34 години.

Многу луѓе не сакаат да одат на лекар порати депресија, бидејќи таа цврсто се поврзува со другите ментални болести, па тие сметаат дека не можат да си замислат нормален живот, доколку останатите мисла дека се луди.

-Од своите пријатели сокрив дека одам на лекар, поради таа болест – изјави Кинескиња која се обидува да се избори со оваа болест.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он