Од 16 декември во Кина не е забележани ниту еден случај на локална трансмисија на Ковид-19, објави Националната комисија за здравство.
Комисијата соопшти дека се регистрирани 14 инфицирани лица во изминатите 12 дена, но оти сите се „увезени“ од странство. Од нив седум се во Шангај, а другите во југоисточната провинција Гуангдонг.
Првпат во речиси два месеца во Кина нема локална трансмисија на вирусот, што сугерира дека воведените мерки за запирање на Ковид-19 во провинцијата Хебеи и во североисточните провинции Хеилонгчианг и Јилин даваат резултати.