Во Кина откриени неколку мрежи за илегална трговија на новороденчиња и деца

Од:

Кинеската полиција откри неколку мрежи за илегална трговија на новороденчиња и деца, кои биле сместени во напуштена мртовечница, објавија денеска кинеските медиуми.

Повеќе од сто лица, кои припаѓале на осум различни групи уапсени се во голема полициска операција во покраината Шандонг, источна Кина. Едната група е осомничена дека сместувала бремени жени во напуштена фабрика и децата кратко време по породувањето ги продавала.

Полицијата соопшти дека пронашла деца-жртви „скриени во напуштена болничка мртовечница за инфективни болести и биле хранети со инстант тестенини и каква било храна“. Биле откриени 37 деца, а кај седум од нив биле откриени сексуално преносливи болести.

Еден од осомничените изјавил дека момчињата поскапо се продавале од девојчињата. Машко бебе се продавало и за 60.000 јуани (8.290 евра).

Кинеските власти се обидуваат да ја запрат трговијата со бебиња стимулирана со традиционалното преферирање на Кинезите за машки деца и со политиката „едно дете“, со која се ограничува бројот на деца во семејство.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он