Во Кина 46 нови случаи на Ковид-19, главно увезени

Од:

Во Кина се пријавени 46 нови случаи на коронавирус, што претставува зголемување четврти ден по ред, но сите случаи, освен еден, се увезени од странство, соопшти Националната здравствена комисија на државата.

Кина драстично го намали бројот на случаи со локална трансмисија во земјата, но забележува постојан пораст на бројот на увезени случаи, главно кај Кинезите кои се враќаат од странство. Меѓу новите случаи пријавени денеска, 14 се во Шангај, а 13 се пријавени во Пекинг.

Така, вкупниот број случаи на коронавирус во Кина се зголеми на 81.054, со 3.261 смртни случаи. Провинцијата Хубеи, каде што епидемијата првпат изби кон крајот на минатата година, соопшти дека нема нови случаи на вирусот веќе четврти ден по ред.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија