Во Кенија штрајк на лекарите вработени во државните болници

Од:

Лекарите вработени во кениските државни болници денеска стапија во штрајк, критикувајќи ја Владата дека ги ризикува нивните животи принудувајќи ги да лекуваат пациенти со Ковид-19 без соодветна заштита.

Кениската унија на лекари, фармацевти и стоматолози, која има 7.000 членови низ целата земја, ја објави својата одлука доцна синоќа на Твитер.

Тие велат дека Владата не одговорила на поплаките што синдикатот ги иницира од март кога земјата го пријави првиот случај на коронавирусот.

– Се работи за безбедноста и благосостојбата на лекарите, изјави генералниот секретар на синдикатот Чибанзи Мвачонда.

Тој рече дека борбата на земјата против коронавирусот ќе биде во голема мера попречена од заминувањето на лекарите, но исто така посочи дека тие немаат друг избор. Синдикатот на лекарите им се приклучи на медицинските сестри и службениците кои работат во државните болници, а нив ги користат повеќето луѓе во земјата, кои штрајкуваат веќе две недели.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска