Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Од:

Бројот на мртви поврзани со култот на судниот ден во Кенија се искачи на 201 откако полицијата ексхумираше уште 22 тела, повеќето со знаци на глад, пишува ABC News.

Да потсетиме, на истокот на Кенија, полицијата веќе ексхумираше 179 тела од масовните гробници на христијански култ чии членови се изгладнуваа до смрт бидејќи веруваа дека така ќе го сретнат Исус.

Утврдено е дека повеќето од досега пронајдените жртви умреле од глад, најверојатно откако ги слушнале проповедите на Пол Нтенге Мекензи, самопрогласен свештеник на Меѓународната црква на добрата вест, кој ги повикал своите следбеници да се изгладнуваат до смрт за да се сретнат Исус.

Мекензи, кој беше уапсен минатиот месец, останува во притвор. Полицијата планира да го обвини за злосторства поврзани со тероризам.

Мекензи, неговата сопруга и уште 16 осомничени ќе се појават пред судот на крајот на месецот.

Регионалниот комесар Рода Онјанча рече дека вкупниот број на уапсени е 26, а 610 лица се пријавени за исчезнати од нивните семејства.

Стотици тела беа ексхумирани од десетици масовни гробници распослани низ неговиот имот од 800 хектари. Мекензи тврди дека ја затворил црквата во 2019 година и се преселил на својот имот во шумска област за да се занимава со земјоделство.

Обдукцијата спроведена на повеќе од 100 тела минатата недела покажа дека повеќето од жртвите умреле од глад, но имало и случаи на задушување, гушење и повреди со тапи предмети.

Локалните медиуми јавуваат и за случаи на исчезнување на нивните внатрешни органи. „Извештаите од обдукцијата покажуваат дека на некои од досега ексхумираните тела им недостасуваат органи“, се вели во судскиот документ до кој пристао имал АФП, наведувајќи ја „добро координираната трговија со органи во која учествуваа повеќе актери“, без дополнителни детали.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца

Три лица загинаа при уривање на шесткатница во Кенија

А1он