Три лица загинаа при уривање на шесткатница во Кенија

Од:

Три лица лица загинаа кога висококатница во изградба се урна врз соседна куќа во Најроби, соопштија денеска тамошните власти, пренесува Анадолија.

Три лица, со полесни повреди, се спасени од семејната куќа во населбата Руака.

– Ова е убиство! изјави гувернерот на Најроби Џонсон Сакаја, кој го посети местото на несреќата. Тој рече дека трагедијата е предизвикана од корупција и неказнивост во секторот и им изрази сочувство на погодените семејства и вети поддршка.

Сакаја рече дека ќе се погрижи да се направат промени во техничкиот комитет за одобрување во Најроби

– Веќе ги извлековме телата на починатите, вклучително и на млада жена која продаваше храна на градежните работници, рече тој.

Сакаја додаде дека инвеститорот ќе биде обвинет пред суд за непочитување на известувањето за стопирање на изградбата и за користење неквалитетни градежни материјали. Тој рече дека инвеститорот немал градежна дозвола од канцелариите на округот Најроби.

– Тој треба да биде обвинет за убиство бидејќи ова е убиство, додаде гувернерот.

Ова е втор ваков инцидент оваа недела во Кенија.

Надлежните предупредија дека во градот и околината многу се гради без потребните дозволи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца