Во Каталонија задолжително носење маска во јавност во сите ситуации

Од:

Каталонија од денеска е првата шпанска покраина која воведува задолжително носење заштитни маски на јавно место, во сите услови и за сите жители и посетители.

Одлуката ја објави премиерот на Каталонија, Ким Тора, четири дена откако 200.000 луѓе во областа на Сегрија се ставени во карантинпоаради избувнување на неколку жаришта на коронавирус.

– Маските ќе бидат задолжителни во цела Каталонија, не само во Сегрија. Мислам дека е важна мерка, рече Тора, додавајќи дека властите ќе дистрибуираат заштитна опрема.

Минатиот месец шпанските власти воведоа обврска за носење маска во затворен простор и на отворено кога не е можно растојание од 1,5 метри или додека не се најде вакцина или лек за коронавирусот.

Каталонија го отстрани исклучокот поврзан со растојанието, така што носењето маски е задолжително за сите ситуации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија