Во камион со моркови пронајдени 2 тони дрога

Од:

Царинарници во францускиот град Тура запленија 2,1 тони дрога канабис сокриена во камион кој превезувал моркови од Шпанија, соопштија официјални лица од царината.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 10 милиони евра.

Според исказите на возачот и документацијата која ја носел со себе, камионот превезувал моркови.

Во соопштението е истакнато и дека цариниците констатирале дека камионот нема соодветни услови за транспорт на моркови и дека дрогата е откриена со помош на кучиња.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски