Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

Од:

Во Камерун за една недела починаа 29 лица од колера, која се шири во западниот дел на земјата, соопшти денеска Министерството за здравство.

– Од 16 до 22 март беше забележано ширење на колера во југозападниот дел на Камерун, каде што се заразени повеќе од 300 луѓе, соопшти министерот за здравство Мануада Малаки, додавајќи дека 29 лица починале во три големи градови во западниот дел на земјата.

Од почетокот на епидемијата во октомври 2021 година, од колера починаа 62 лица, додека повеќе од 2.000 се заразени.

Колерата е многу заразна болест која може да предизвика смрт за неколку часа доколку не се укаже лекарска помош, а најчесто се јавува онаму каде што хигиенските услови се лоши.

Оваа болест периодично се јавува во Камерун, каде живеат околу 25 милиони луѓе.

Во Камерун, во претходната епидемија на колера, во 2020 година, починаа 66 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок

Во Бугарија е потврден првиот случај на колера во последните 103 години

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

СЗО: Климатските промени ја поттикнуваат колерата низ светот

Ана Ололовска