Вo Јордан почнаа мултинационални маневри со учество на 8.000 војници

Од:

Околу 4.500 американски војници, вооружени со ракети „Патриот“ и авиони ловци Ф-16, почнаа маневри во Јордан, кои Русија ги осуди, истакнувајќи оти со нив Западот го разгорува конфликтот во соседна Сирија.

Во десетдневните маневри „Игар лајон“ (Еager Lion) учествуваат 8.000 војници од 19 земји, меѓукои САД, Јордан, Велика Британија, Саудиска Арабија. Вашингтон минатата седмица потврди дека ракети „Патриот“ и авиони ловци Ф-16 можат да останат во Јордан по маневрите.

Јордански претставници изјавија неофицијално дека Аман побарал најмалку два ракетни система „Патриот“ да останат на јорданска територија со оглед на евентуален ракетен напад од Сирија.

САД и Јордан вчера изјавија дека маневрите не се поврзани со војната во Сирија. Јордан е меѓу арапските земји кои ја поддржуваат сириската опозиција.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата