Во Јангон штрајковите против странските сопственици на компаниите прераснаа во насилство

Од:

Повеќедневните штрајкови на работниците во индустриските зони во Јангон каде што работат компании со странски капитал денеска станаа и насилни. Штрајкувачите бараат преговори за повисоки плати и подобри услови за работа, а по одбивањето на преговорите тие ги блокираа влезовите и излезите од големите индустриски комплекси и запалија неколку возила и контејнери.

Странските, најмногу кинески, инвеститори побараа интервенција од властите, но, засега, освен повикот на министерот за труд на Мјанмар за смирување, нема други реакции. Поголем дел од странците што раководат со компаниите се блокирани во административните простории.

Во Јангoн продолжија и студентските улични протести, организирани против новите закони за универзитетот. Властите во обид да ги смират студентите ветија дека ќе извршат ревизија на законите за високо школство, но ова не ги смири студентите.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска