Во Италија запленети 1.200 килограми албанска марихуана

Од:

Италијанската полиција денеска заплени 1.200 килограми марихуана, кои во Италија биле внесени од Албанија и биле наменети за италијанскиот наркопазар.

Во акцијата спроведена во местото Мартињано во покраината Лече, се уапсени четири лица, двајца албански и двајца италијански државјани. Дрогата била запленета во моментот кога четворицата уапсени ја товареле во камион.

Полицијата запленила и неколку парчиња оружје и околу 400 куршуми. Во голема акција на италијанската полиција спроведена вчера во областите Венето, Тоскана, Ломбардија, Пиемонт и Лацио, беа разбиени две албански криминални организации и беа уапсени 43 лица.

Двете групи од шверц на дрога и други нелегални активности, месечно заработувале околу два милиони евра.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски