Во Италија вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне меѓу Божиќ и Нова година

Од:

Италија очекува да почне со вакцинација против Ковид-19 меѓу Божиќ и Нова година, изјави денеска неименуван извор од италијанската Влада.

Земјата треба да добие првични 1,83 милиони дози од вакцината на Фајзер за да почне вакцинација.

Германија, Франција, Италија и уште пет европски земји вчера најавија дека ќе го координираат почетокот на вакцинацијата против Ковид-19.

Кампањата ќе започне пред крајот на 2020 година доколку Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за вакцината на Фајзер и БионТек на состанокот закажан за 21 декември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески