Во Италија уапсени седум лица поради криумчарење луѓе

Од:

Италијанската полиција уапси седум лица, осомничени дека криумчареле луѓе, откако во текот на викендот се фатени повеќе нелегални имигранти, кои се обидувале да влезат во Европа со брод.

Во три одвоени операции се уапсени пет Тунижани, еден Сириец и еден Мароканец, поради сомнеж дека гпревезувале имигрантите во местата Аугуста, Поцало и Порт Емпедокле на Сицилија.

Италијаската морнарица во саботата соопшти дека за само 24 часа фатила речиси три илјади имигранти во рамки на големата операција за спасување на животот на илјадници лица, кои се обидувале да дојдат во Европа со пренатрупани и неисправни бродови.

Околу 1.443 лица се фатени во петокот, кога на еден брод имало и 264 деца, уште 200 луѓе се фатени на бродови во близина на малиот италијански остров Лампедуза, а околу 1.300 имигранти се фатени во саботата.

Според изјавите на очевидци секој имигрант платил во просек по 1.500 долари за пат, плус уште 200 долари доколку сакале појас за спасување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим