Во Италија уапсени четири лица поради корупција за договори за јавни работи вредни 25 милиони евра

Од:

Италијанската полиција уапси четири лица меѓу кои и поранешен официјален претставник од Министерството за јавни работи поради корупција при склучување договори за јавни работи вредни 25 милиони евра.

Покрај четворицата уапсени италијанското државно обвинителство под истрага стави уште 51 човек.

Истрагата се врши по повод сомневања за малверзации во проекти за јавни работи, вклучително проекти за изградба на делница за брза пруга, проекти за автопатишта и изградба на италијански паволјон за светската изложба Експо 2015 во Милано.

Полицијата тврди дека осомничените ги зголемувале неоправдано цените на проектите за дури 40 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим