Во Италија уапсен мафијашкиот бос Пјетро Лабате

Од:

Мафијашкиот лидер Пјетро Лабате, еден од најбараните бегалци во Италија, е уапсен по повеќе од две години бегство, соопшти денеска италијанската полиција.

Лабате (62) од моќниот клан Ндрангета е откриен во Реџо Калабрија, по долготрајна истрага на полицијата, се наведува во соопштението.

Во јули минатата година, тој во отсуство е осуден на 20 години затвор за изнуда и уценување. Ндрангета е една од четирите големи групи на организиран криминал во Италија, која се занимава со трговија со оружје и дрога, претежно кокаин, а нејзиниот годишен профит се проценува на повеќе од десетици милијарди евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим