Во Италија уапсен бугарски државјанин со 33 килогарми хероин

Од:

Италијанската полиција во пристаништето во Анкона уапси еден бугарски државјанин, кој превезувал 33 килограми хероин, јави БТА.

Дрогата, чија вредност на нарко-пазарот, според полицијата, изнесува околу четири милиони евра, била сокриена во багажниот на возилото на уапсениот, во просторот предвиден за сместување на резервната гума.

Уапсениот, кој во Анкона пристигнал со ферибот од Грција, на цариниците им рекол дека оди на „кус одимор во Шпанија“.

Идентитетот на уапсениот, против кого е покренато обвинение за меѓународен шверц на наркотици, не е соопштен.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски