Во Италија разбиени две албански нарко банди, уапсени 60 Албанци

Од:

Италијанската полиција во пристанишниот град Бари, вчера разби албанска кримнална организација, која се занимавала со меѓународна трговија со дрога, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во акцијата уапсени се најмалку 12 Албанци, а запленти се и 17 килограми хероин и 2,5 килограми кокаин. Нарко групата ја предводел Емилијано Спахиу, 35 год. По него и по уште четворица Албанци полицијата распишала потерница. Во групата имало и двајца Италијанци кои полицијата претходно ги уапсила запленувајќи околу 650 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Истата група се товари и шверц на околу три тони марихуана, запленета од страна на италијанската полиција а прошверцувана од Албанија во последните неколку месеци. Ден пред оваа акција италијанската полиција разби друга нарко организација и уапси педесетина нејзини членови, главно Албанци.

Според албанските медиуми двете криминални организации кои биле активни во шест региони во северниот дел на Италија, инвестирале во приватен сектор на недвижнини во Албанија и во Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим