Во Индија е можна и смртна казна за силување

Од:

Индискиот претседател Пранаб Мукерџи одоби построги казни за силување, вклучувајќи ја и смртната казна, бидејќи последниот случај на групно силување на студентката која почина од повредите, предизвика гнев кај јавноста.

Претседателот го одобри предлогот на владата, која пред два дена предложи измени во законот за да се подобри сигурноста на жената.

– Индискиот претседател ги одобри измените на законот, против злоставување на жените. Тој веднаш стапува на сила, но ќе биде поднесе и на усвојување од парламентот, изјавија од кабинетот на претседателот.

Со овие измени, минималната казна за групно силување, силување на малолетници како и силување кое ќе го направи полицаец или друга личност со јавна функција, ќе биде зголемена од 10 на 20 години, а може да биде продолжена и на доживотен затвор без можност за намалување.

Според досегашниот закон, казната за силување беше од 7 до 10 години затвор.

Борците за правата на жените се незадоволни, бидејќи сметаат дека новиот закон не е доволно строг за насилството врз жените. Тие ја критикуваат владата што не го изнела нацрт предлогот на јавна расправа.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка