Во Хонг Конг ќе се цензурираат филмовите кои ја загрозуваат националната безбедност

Од:

Властите во Хонг Конг денеска го овластија Одборот за цензура да го забрани секој филм што би можел да ја загрози националната безбедност.

– При анализа на филмот и неговото влијание врз гледачите, цензорот мора да земе во предвид обврската за спречување на сите активности кои можат да претставуваат закана по националната безбедност, се наведува во соопштението на властите на Хонг Конг.

Исто така се наведува дека „цензорот во име на народот на Хонг Конг е должен да го штити суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Народна Република Кина“.

Хонг Конг е центар на азиската кинематографија, а цензурата на филмовите е уште еден удар за политичката и културната слобода на Хонг Конг. Изминатиот период значително е влошена политичката клима поради мешањето на Пекинг во задушувањето на продемократските протести во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Хонк Конг ќе треба фрла милион дози вакцини против Ковид-19

Во Хонг Конг првпат од 5 март нема новозаразени со Ковид-19

А1он

Во Хонг Конг сите полнолетни жители ќе добијат околу 1.300 долари поради новиот коронавирус

А1он

Кина ја поздрави изјавата на Трамп за Хонгконг

А1он

Анкета: Мнозинство демонстранти во Хонг Конг се млади и школувани

А1он

Патен: Кинеска интервенција во Хонг Конг би била катастрофа

А1он