Кина ја поздрави изјавата на Трамп за Хонгконг

Од:

Кина ја поздрави изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг треба сам да ја реши кризата во Хонгконг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Трамп претходно го пофали кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека тој лично може да ја реши ситуацијата во Хонгконг, каде од јуни се одржуваат антивладини протести.

Во меѓувреме, Кина обвини неидентификувани странски сили дека ги поттикнале насилните протести во Хонгконг, предупредувајќи ги дека нивната намера е забележана, и на крајот ќе им се врати „на нивна штета“.

– Хонгконг е дел од Кина. Странските сили мора да престанат да се мешаат во работите на Хонгконг, изјави кинескиот амбасадор во Велика Британија, Лију Сијаоминг.

Тој оцени дека некои британски политичари се уште ја сметаат таа кинеска територија како дел од својата империја, но изрази надеж дека премиерот Борис Џонсон ќе ги следи случувањата во Хонгконг со големо внимание.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп