Хонг Конг ги затвори училиштата, властите објавија црвен аларм поради обилни врнежи

Од:

Хонг Конг денеска ги затвори училиштата откако властите објавија црвен аларм поради обилни врнежи и можни големи поплави.

Предупредувањето дојде само неколку дена откако градот беше погоден од најсилниот дожд во последните 140 години.

Градската метеоролошка агенција издаде „црвено“ предупредување, второ по големина, пред 6 часот по локално време, и соопшти дека врнело повеќе од 50 милиметри за еден час, истакнувајќи дека врнежите најверојатно ќе продолжат, пренесува Ројтерс.

Берзата во Хонг Конг ќе остане отворена доколку не биде во сила највисокото, „црно“ метео предупредување.

Силниот дожд доаѓа додека специјалниот административен регион на Кина сè уште се опоравува од обилните дождови поврзани со тајфунот Хаикуи што го погоди регионот во последните денови.

Многу области имаат и продолжуваат да имаат висок ризик од лизгање на земјиштето по невообичаено влажно време.

Големо количество вода ги поплави тесните улици, трговските центри, станиците на подземната железница и тунелите во Хонг Конг минатата недела, а две лица загинаа, а 144 се повредени во невремето, јавува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

(ВИДЕО) Големи поплави во Анкара, затворено е метрото, возилата на безбедно се пренесуваат со виљушкари

Горан Наумовски

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Горан Наумовски