Една жена загинала, а три лица се повредени откако непознати напаѓачи исфрлиле гранати врз градот Гао на север на Мали, соопшти ОН.
Во соопштението се наведува дека прелиминарните извештаи покажуваат дека во недела утро околу шест часот по локално време се исфрлени најмалку три ракети и дека едната од нив погодила куќа, при што загинала една жена.
Официјално лице од градската болница вели дека трите повредени лица се во сериозна состојба.
Инаку мисијата на ОН остро го осуди овој терористички напад за кој се уште никој не презел одговорност.
Северниот дел на Мали во 2012 година, девет месеци беше под контрола на сепаратистите, а по воениот пуч во главниот град Бамако под контрола на исламските екстремисти.
Е.Г.