Не се плашам да размислувам за идејата за квоти, изјави премиерот Едуард Филип во Националното собрание, на почетокот на расправата за имиграцијата.
Националното собрание почна со расправата по ова мошне чувствително прашање што го дели мнозинството, во очекување на можните одлуки на извршната власт. Почетокот на оваа дебата, за која не е предвидено гласање, ја отвори премиерот Едуард Филип.
– Францускиот систем за азил денеска е заситен. Не се плашам да размислувам за идејата за квоти, рече Филип.
Тој притоа не ја затвори вратата за размена на „квантитативни цели во професионалната имиграција“. Сепак, потсети дека квотите не можат да се применат за азилот и повторното обединување на семејството.
Владата ќе предложи шест „насоки на работа“ при што ќе се потпре на резимето испратено до мнозинството, во кое се наведени „десет факти“ за миграциската политика на Франција и „десет акции“ предводени од владата. Меѓу претставените насоки го има и делот посветен на социјалните придобивки што им се дадени на барателите на азил.
Дискусии за барањата за азил го вклучува „брзото зголемување на барањата за азил“, на 123.625 лица во 2018 година, што претставува зголемување од 22 отсто за една година. Меѓу најбројните баратели се Албанците и Грузијците, државјани на земји што се сметаат за „безбедни“, се соодветно на втората и на третата позиција, зад Авганистанците.
Од социјална страна, Емануел Макрон ја отфрли идејата за укинување на медицинска помош од државата, но посака проценка за неа за да се бори против злоупотребата. Beќе се разгледа и реформата на универзалната заштита на болести, од која корист имаат барателите на азил.