Во Европа за седум месеци упасени повеќе од 500 лица поради трговија со фалсификувани лекови

Од:

Европските полициски сили уапсиле 544 лица и заплениле голем број нелегални средства за допинг и фалсификувани лекови, вклучително и лажни лекови против Ковид-19, соопшти денеска Европол.

Во операцијата, која се одвивала низ целиот континент од април до октомври, запленети се фалсификувани лекови и допинг производи кои се проценуваат на вкупна вредност од 63 милиони евра, се вели во соопштението на Европската полициска агенција.

Во операцијата учествувале 33 „криминални групи кои шверцувале допинг агенси, како што се хормонски и метаболички регулатори и разни лекови“, наведува Европол.

Криминалците шверцувале лекови против рак, аналгетици, анксиолитици и лекови за еректилна дисфункција.

Дополнително, од почетокот на пандемијата, тие вложуваат поголеми напори за фалсификување на лековите кои се најбарани, забележува агенцијата.

– За да ја зголемат заработката, криминалните мрежи се фокусираа на препродажба на фалсификувани „лекови за корона“, медицинска опрема и средства за дезинфекција кои потоа ги продаваат онлајн, се наведува.

– Благодарение на заедничките напори на полицијата, препродажбата на фалсификувани фармацевтски производи поврзани со Ковид-19 е запрена, стои во соопштението на директорката на Европол, Кетрин Де Боле.

Полицијата запленила „три милиони пакети медицинска опрема против Ковид-19“, како маски за лице и средства за дезинфекција, и затворила пет нелегални лаборатории.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески