Во Европа расте стравот дека кинеските шпиони сè поголема закана од Русија

Од:

Во Европа расте стравот дека кинеските шпионски и контраразузнавачки служби претставуваат сè поголема закана за Европа, дури и поголема од онаа што доаѓа од Русија.

„Кинеското разузнавање не е помалку опасно. Освен тоа, нивните шпионски операции сега се дури и подобри од руските“, потврди поранешен висок функционер на ЦИА за Европа.

„Фајненшл тајмс“ посочува дека Кина веќе е позната по напредните сајбер напади, како нападот врз Мајкрософт во 2021 година, кога беа загрозени 30.000 организации ширум светот, а беше докажано дека нападот го извршила група под покровителство на официјален Пекинг.

Кина, се разбира, ги отфрли тие обвинувања.

Сепак, методот на собирање податоци преку директно човечко дејство на теренот (HUMINT) е сè понапреден, што на Запад се толкуваше како сигнал за тревога.

„Русите прават шпионажа уште пред Советскиот Сојуз, тие тоа го сакаат“, вели поранешниот шеф на британската разузнавачка агенција МИ6, Алекс Јангер, посочувајќи дека Кинезите имаат послаби софтверски способности кога станува збор за вештачката интелигенција, но се опасно доближувајќи се до руското знаење.

Шефот на МИ5, Кен Мекалум, вели дека кинеската комунистичка партија инвестира многу во развојот на шпионажата. „Ние не викаме „волк, волк!“, туку ова е сериозна безбедносна закана“, заклучува тој.

Друг разузнавач вели дека кинеската шпионажа не е слична на руската шпионажа, во смисла дека е многу тешко да се каже кој е, а кој не е агент. На пример, руските шпиони главно се фокусирани на високи функционери, па затоа развиле голем број разузнавачки вештини како што се кршење кодирани информации за да дознаат конкретни информации.

Но, Кинезите многу пошироко го развиваат својот шпионски систем, па се занимаваат и со политичко влијание, лобирање или пласирање комерцијални реклами кои го менуваат јавното мислење или собираат технолошки информации.

Кинеската варијанта вклучува „пристап на целото општество“.

„Фајненшл тајмс“ посочува и дека Европа досега протерала повеќе од 600 руски дипломати и разузнавачи од почетокот на инвазијата на Украина. Но, слична ситуација со Пекинг може да биде значително понапорна бидејќи ќе биде многу тешко да се утврди идентитетот на сите бројни доушници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На Европа и се заканува нова голема криза: Доаѓа екстремно сушно лето, цели региони страдаат за вода

Катерина Павлова-Николовска

Бројот на Кинези намален првпат по 1961

Блага зима во Европа: Енергетски благослов, но проклетство за земјоделците

А1он

Њујорк Тајмс: ФБИ ги истражува тајните акции на кинеската полиција во Србија

Горан Наумовски

Анкета: Над 90 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот

А1он

Русија: ЕУ станува вазал на НАТО

Ана Ололовска